Разеленета пролет
26 Мар, 2026Со децата од група Срнички на возраст од 2-3 години, од објект Јасмин, се реализира активност преку која се утврдаа веќе стекнатите знаења за природата во пролет. Ги утврдија сознанијата да ги препознаат промените на времето во пролет и нејзините карактеристики (сонце, расцутени дрвја, пролетни цвеќиња-лале и зумбул, зелена трева, доаѓањето на ластовичките во нашиот крај). Исто така, се поттикна радоста, љубопитноста и интересот кон промените во природата.
Подготвил воспитувач: Дајана Митрички Костова
