Змиулесто одење
3 Мар, 2026Група „Пеперутки“ објект Парк, возраст од 4-5 години
Преку вежби за змиулесто одење, децата се оспособуваа за поинаков вид на движење со менување правец и совладување препреки без да ги допираат. Се развиваше способност за правилна ориентација во просторот, правилна координација око-нога, развивање на долните екстремитети и целокупен раст и развој на децата. Преку подвижната игра „Кој е прв“ децата учеа да почитуваат правила на игра, го развиваа натпреварувачкиот дух и стремежот за победа.
Подоготвил воспитувач Анета Ивановска
