Со добри дела да ја чуваме природата цела
Еколошките активности од областа на животната средина во градинката овозможуваат да се подигне еколошката свест кај децата од најмала возраст. Со активно вклучување во еколошки активности во градинката и во непосредната околина, се поттикнува грижлив и позитивен однос кон природата. Децата со своите вредни раце го оплеменија и збогатија хортикултурниот амбиент во градинката, и како прави екологисти се грижат за својата околина.
Голема благодарност до родителите за нивната соработка и позитивен одзив, како и до ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, за донирање на есенски цвеќиња во градинката.



























Поврзани содржини