📌 ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СОВЕТУВАЛИШТА ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ ВО
ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“-СКОПЈЕ – „ВО СВЕТОТ НА ДЕЦАТА“
Работата во советувалиштето ја врши мултидисциплиниран тим составен од
педагог, советник-социјален работник, психолог, дефектолог и воспитувач. 👩🏫👨⚕️
Во установата е обезбедена посебна просторија за потребите на советувалиштето
која е опремена со разновиден едукативен материјал и литература (разни
дидактички материјали, брошури, игровен материјал, стручна литература за
возрасни, литература за деца и сл.). 📚🧩 Во просторијата обезбедени се соодветни
аудио-визуелни средства. 🎥📺
🎯 МИСИЈА
Советувалиштето има за цел целосно да пружи поддршка на родителите и да даде
советување во поглед на сите проблеми и нејаснотии кои се поврзани со престојот
на детето во градинка, но и помош и совет за животот на детето во семејството. 👨👩👧👦
Целосно работи на надминување на проблемите што се јавуваат кај децата и помош
за нивно прилагодување на условите во градинката. 🧸🌱
Советувалиштето дава советодавни услуги на раководството на градинката во
секојдневното работење со цел унапредување на целокупната дејност на градинката. 🏫✨
Работата на советувалиштето е насочена и кон остварување на соработка со
надворешни заедници и институции со цел осовременување и напредок на
воспитно-образовната дејност на градинката. 🤝🌍
Советувалиштето работата ја врши преку:
- 👧 советување за деца;
- 👨👩👧 работа со родителите;
- 🏫 работа со раководството;
- 🤝 соработка со надворешни заедници и институции;
- 🎤 организирање на стручни предавања.
1️⃣ Советување за деца
Советувањето за децата опфаќа давање на:
- 🧸 помош во прилагодување на децата кон условите на средината во детската градинка;
- 🚸 помош при премин на децата од една во друга воспитна група или од една во друга градинка и транзиција во училиште;
- 💛 помош на деца со развојни проблеми;
- 🌟 поттикнување на личниот развој на детето;
- 📌 помош преку планирање на соодветни активности, децата да се запознаат со своите права и обврски во рамките на градинката и пошироко.
2️⃣ Советување за родители
- 👨👩👧👦 семејно советување;
- 📚 поддршка на родителите во обезбедувањето на оптимални услови за развој на детето во семејната средина преку подигнување на нивото на педагошка едукација;
- 📝 решавање на комплексни воспитно-образовни прашања;
- 🛡️ превентивни активности и развој;
- 📊 активности на планирање, мониторинг и евалуација на заеднички постигнатите резултати;
- 🤗 помош на родителите преку разни активности: советодавни, образовни и организациони.
3️⃣ Советување за раководството
- 📌 поддршка во процесот на реализација на националниот план и курикулумот на градинката;
- 🎓 помош и поддршка на професионалниот развој;
- 🧩 давање на советодавни услуги на раководството на градинката во секојдневното работење;
- 🏫 советување со раководството на прашања во врска со организацијата и спроведувањето на секојдневниот живот и работа во градинката, јавна и културна дејност, како и градење на позитивна социо-емоционална клима во градинката;
- ♿ советување со раководството во однос на обезбедување на соодветни човечки и материјални ресурси и услови за интеграција на децата со посебни потреби;
- 🔍 советување со раководството за потребата од истражувачка и аналитичка работа во градинката, како и за вклучување на градинката во различни развојни, превентивни и иновативни проекти;
- 🤝 советување со раководството за подобрување на постоечките и иницирање на нови форми на соработка со родителите, како и начини на активно вклучување на родителите во животот и работата на градинката.
4️⃣ Соработка со надворешни заедници и институции
- 📌 проекти за советување во градинка;
- 👥 организирање и учество во стручни советувања од областа во која работи;
- 🏛️ соработка со институции за обука;
- 📖 теоретски предавања и работилници;
- 📢 соработка со медиуми и афирмирање на градинката.
5️⃣ Организирање на стручни предавања
- 🛠️ работилници;
- 🎓 семинари;
- 💬 советувања;
- 📚 теоретски предавања.
