🎓 Професионален пристап кон раното учење и развој на децата до 6 годишна возраст, обезбедување стимулативен амбиент кој ги поддржува позитивните искуства и желбата за учење кај децата во текот на раното детство, почитување и градење партнерство со семејството се со цел поуспешно достигнување на Стандардите за рано учење и развој. 📚
👩🏫 Ќе обезбеди континуирано стручно усовршување на кадарот вработен во градинката. Ќе биде дел од едукативните трендови. 🌟 Ќе организира, реализира и ќе биде дел од разни проекти, јавни манифестации, изложби и едукативни работилници со децата и за децата.
🏫 Во иднина, ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“ ја гледаме како современа, транспарентна и прогресивна установа од која ќе бидат задоволни детето, родителот и воспитниот кадар и која перманентно ќе гради партнерски односи со семејството и локалната средина. 🤝 Ќе бидеме голема и безбедна градинка во која ќе се негува тимската работа со поддршка на родителите и надлежните институции.
💖 ЈУДГ ОЦ „13 НОЕМВРИ“ е установа во која владее љубовта, нежноста, грижата, насмевките, ведрината, позитивната мисла, желбите, играта, безгрижниот сон, другарството, добра атмосфера, толеранција и отвореност, во која детските интереси и потреби за постојан развој се приоритет. 🌈
