Секое дете има право на другарче
Неделата посветена на детето започна со уметничко дружење со главниот лик од сликовницата „Приказна за малиот Уг“. Сликовницата на децата од големите групи во Матичниот објект, преку слајдови проектирани на паметната табла, им ја раскажа и ја претстави нашата гостинка, авторката на сликовницата Ирина Атанаскова која во секое свое дело има желба преку несекојдневните цртежи, детската илустрација и интересните текстови, да допре до сите, до децата и до возрасните. Во оваа сликовница преку малиот Уг таа ни раскажува за безгрижната детска игра на чудните суштества од необичните планети креирани од фантазијата, истовремено испраќајки длабока порака за важноста на другарувањето како право на секое дете.







Поврзани содржини