Црвени јагоди

Црвени јагоди

Децата од групата Медени Мечиња на возраст од 2-3 години од објектот Јасмин, се запознаа со раното овошје – јагоди. Преку набљудување, игра и разговор ги именуваа, опишуваа и на крај слатко си каснаа од јагодите. Активноста ја завршивме со подвижната игра: „Собираме јагоди од градината“.
Целите на денешната активност се: да се стекнуваат знаења и способности за препознавање и именување на раното овошје – јагоди, развивање на визуелната перцепција кај децата, развивање на културно-хигиенски навики, развивање на здрави навики во исхраната, да се оспособува детето да ги користи моторичките вештини за движење за да ја постигне посакуваната цел.

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе