Кате и умната кокошка 08 04 2026

„Кате и умната кокошка“

Децата од групата „Пеперутки“ на возраст од 4-5 години – објект Парк, имаа можност да слушнат уметничко изразно читање преку сликовницата „Кате и умната кокошка“ .
Истовремено набљудуваа слики преку кои ги следеа дејствијата за полесно да ја разберат содржината. Со оваа активност кај децата се влијаеше на поттикнување на интересот кон сликовниците и други печатени материјали. Исто така се поттикнуваше способноста за елементарно оценување на карактеристиките на ликовите и правење разлика на правилни и неправилни постапки, а на крајот водејќи разговор извлекоа и поука.
Активноста продолжи со изработка на „Умната кокошка“.
Подготвил воспитувач: Анета Ивановска

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе