dkc 07 03 2025 3 00

8ми Март – Меѓународен ден на жената

Децата од објектот Кукушка, традиционално, земаа активно учество во одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март во галеријата на Детскиот културен центар Карпош. Најнапред ја разгледаа изложбата на детски творби и честитки на тема „Играм и пеам за мојата Мајка“, а потоа имаа ретка можност да ја запознаат првата жена пилот во Македонија, на која и поставуваа бројни прашања поврзани со професијата пилот. На крајот се претставија со рецитал со кој го честитаа 8-ми Март на сите жени од целиот свет.

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе