1 ви Април – Денот на шегата
1 Апр, 2026Децата од група Ѕвездички на возраст од 5-6 години од објект Јасмин, преку шеги и досетки и интересни маски го одбележаа 1 ви Април денот на шегата. Децата се подготвуваа со голема возбуда за овој весел ден, потоа следеше дефиле каде секое дете имаше можност да ја покаже својата маска која на крајот ја илустрираа во уметничкиот центар. Кај децата се негуваа позитивни емоции и чувства, ја изразуваа својата индивидуалност и автентичност, а во ликовната активност се поттикнуваше креативноста и ја развиваа фината моторика на дланките и прстите.
Изработил воспитувач: Александра Балшиќевска
