Секое дете има право на другарче
6 Окт, 2025Неделата посветена на детето започна со уметничко дружење со главниот лик од сликовницата „Приказна за малиот Уг“. Сликовницата на децата од големите групи во Матичниот објект, преку слајдови проектирани на паметната табла, им ја раскажа и ја претстави нашата гостинка, авторката на сликовницата Ирина Атанаскова која во секое свое дело има желба преку несекојдневните цртежи, детската илустрација и интересните текстови, да допре до сите, до децата и до возрасните. Во оваа сликовница преку малиот Уг таа ни раскажува за безгрижната детска игра на чудните суштества од необичните планети креирани од фантазијата, истовремено испраќајки длабока порака за важноста на другарувањето како право на секое дете.
