Смешна коса
19 Фев, 2026Група Медени Мечиња објект Јасмин 4-5 години.
Активност: Ликовно истражувачка игра „Смешна коса“ (дување со сламка).
Цели на активноста:
– Развивање на фина моторика и контрола на дишењето преку дување со сламка.
– Развивање на свесност за ефектот на воздухот и како дишењето може да предизвика движење и промена на материјали (боја).
– Поттикнување на истражување на причината и последицата – децата ќе забележат дека колку посилно дуваат со сламката, толку повеќе и поинаку се движи бојата.
Подготвил: Воспитувач Даниела Раичковиќ
