Патуваме со брод
Децата од групата Медени Мечиња на возраст од 4-5 години од објект Јасмин, преку разговор, слики и модел на брод се запознаа со водениот сообраќај и превозните средства што се движат по вода (брод, чамец, траект). 🌊🛶 Потоа разговаравме за нивната намена и изглед, а преку ликовна активност сликавме брод со темперни бои, развивајќи ја својата креативност и фина моторика. 🎨🖌️
Цели на активноста:
-
Да се запознаат со основните видови воден сообраќај и превозни средства на вода. 🚤
-
Да развиваат интерес за сообраќајот и начинот на движење по вода. 🌊
-
Да ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата преку сликање брод. ✨
-
Да ја развиваат фината моторика и координацијата око–рака при користење ликовен материјал. 🖐️👀
-
Да умеат да препознаат и именуваат брод и други водени превозни средства. 🚢
Подготвил воспитувач: Даниела Раичковиќ 👩🏫🌟







Поврзани содржини