Патуваме со брод 11 05 2026

Патуваме со брод

Децата од групата Медени Мечиња на возраст од 4-5 години од објект Јасмин, преку разговор, слики и модел на брод се запознаа со водениот сообраќај и превозните средства што се движат по вода (брод, чамец, траект). 🌊🛶 Потоа разговаравме за нивната намена и изглед, а преку ликовна активност сликавме брод со темперни бои, развивајќи ја својата креативност и фина моторика. 🎨🖌️

Цели на активноста:

  • Да се запознаат со основните видови воден сообраќај и превозни средства на вода. 🚤

  • Да развиваат интерес за сообраќајот и начинот на движење по вода. 🌊

  • Да ја поттикнуваат креативноста и имагинацијата преку сликање брод. ✨

  • Да ја развиваат фината моторика и координацијата око–рака при користење ликовен материјал. 🖐️👀

  • Да умеат да препознаат и именуваат брод и други водени превозни средства. 🚢

Подготвил воспитувач: Даниела Раичковиќ 👩‍🏫🌟

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе