Патувам со автомобил
Децата од групата Авиончиња (2-3) од објект Јасмин преку разговор по слики и модел се запознаа со превозното средство автомобил и неговите карактеристики. 🖼️🚘 Патем ги утврдија знаењата за семафорот и неговото значење во сообраќајот. 🚦
Активноста продолжи во холот на градинката, преку дидактичка игра, каде на претходно подготвен сообраќаен полигон децата за прв пат осознаа каде треба да се движат возилата, а каде треба да се движат пешаците по улицата, при тоа следејќи ја светлосната сигнализација на семафорот. 👣🚙 Оваа дидактичка игра придонесе кај децата да се развие чувство за свесност за сите учесници во сообраќајот и да се развива ориентација во просторот според инструкции. 🗺️🚶♂️
Потоа преку манипулативни игри децата по групи играа со колички, семафори, крстосници и бензиски пумпи, ја развиваа ситната моторика на дланките. 🖐️ соо Преку активностите се развиваше трпение (чекање во ред), фокусираност, крупна и ситна моторика, иницијативност, логичко размислување, следење на упатства и инструкции при играње, колаборација и меѓусебна комуникација. 🤝🧠🎯
Подготвила воспитувач: м-р Сања Алексоска 👩🏫⭐







Поврзани содржини