Патувам со автомобил 18 05 2026

Патувам со автомобил

Децата од групата Авиончиња (2-3) од објект Јасмин преку разговор по слики и модел се запознаа со превозното средство автомобил и неговите карактеристики. 🖼️🚘 Патем ги утврдија знаењата за семафорот и неговото значење во сообраќајот. 🚦

Активноста продолжи во холот на градинката, преку дидактичка игра, каде на претходно подготвен сообраќаен полигон децата за прв пат осознаа каде треба да се движат возилата, а каде треба да се движат пешаците по улицата, при тоа следејќи ја светлосната сигнализација на семафорот. 👣🚙 Оваа дидактичка игра придонесе кај децата да се развие чувство за свесност за сите учесници во сообраќајот и да се развива ориентација во просторот според инструкции. 🗺️🚶‍♂️

Потоа преку манипулативни игри децата по групи играа со колички, семафори, крстосници и бензиски пумпи, ја развиваа ситната моторика на дланките. 🖐️ соо Преку активностите се развиваше трпение (чекање во ред), фокусираност, крупна и ситна моторика, иницијативност, логичко размислување, следење на упатства и инструкции при играње, колаборација и меѓусебна комуникација. 🤝🧠🎯

Подготвила воспитувач: м-р Сања Алексоска 👩‍🏫⭐

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе