Нашите детелинки заблескаа на првиот детски фестивал Детелинки 19 05 2026

Нашите детелинки заблескаа на првиот детски фестивал „Детелинки“

Во Паркот на Франкофонијата со голем успех одекна Првиот детски фестивал „Детелинки“, кој под покровителство и организација на Општина Центар, а по идеја и креација на вработените од градинката „13 Ноември“ – Скопје, во соработка со Продукција Триангл, се реализира во вечерните часови пред бројна публика од сите генерации. 🌳🎶 Вечерта, секој тон, секое движење и секое дете – учесник блеснаа во сиот сјај на детската искреност, а на публиката и понудија можност за уживање. 🌟👧🧒 Насмевките и сјајот во очите на децата – учесници и присутните родители, како и на гостите се доказ за тоа колку оваа магична вечер сите уживале, сите заедно се радувале во амбиентот исполнет со креација, со емоција и гордост. 🥰❤️ Општина Центар со овој фестивал прераснува во лабораторија за промоција на уметноста за намалите, која предучилишните установи ја негуваат и развиваат уште од најрана возраст. 🎨🏫 Секако со гордост можеме да кажеме дека фестивалот „Детелники“, прв од ваков вид, му понуди можност на кадарот да бидат видени и доживеани нивните идеи и креации: десетте промовирани песни, а со тоа да добијат дополнителен елан за идни проекти во областа на уметноста. 🎵📜🎙️

Нека се множат успеси! 🎉🏆👏

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк:
👉 Кликни тука

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе