Децата имаат право

Денес, на четвртиот ден од Детската недела, нашите дечиња од сите објекти – Матичен објект, Парк, Јасмин и Кукушка – денешниот ден го посветија на едно од детските права – правото на здравје, слободно движење, учење и дружење во градинка и насекаде. 🏫🏃‍♂️🌳💖 Преку разновидни едукативни и забавни содржини во занималните и дворовите на градинката, како и на блиските игралишта, нашите деца вежбаа, се движеа, играа и покажаа како игрите се важни за нивното здравје, ⚽🤸‍♀️🤸‍♂️ а преку куклениот театар научија како есента полека ја менува природата… 🎭🍂🧸🤗 И денес научија и за нивното право да бидат среќни, да бидат сакани и да сакаат.

#ДетскаНедела #Градинка13Ноември #ДетскиПрава #МалиИстражувачи #ОпштинаЦентар

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.