Започнува неделата посветена на детето

Неделата на детето е започна со многу насмевки, игра и креативност низ сите наши објекти. Првиот ден помина многу динамично, нашите најмали учесници имаа можност да уживаат во специјално осмислени активности од нивните воспитувачки, активности кои го поттикнуваат не само нивниот развој, туку и другарувањето, емпатијата, заедночката игра и детска љубопитност.

И во текот на следните денови, заклучно со петок, децата ќе бидат дел од разновидна програма исполнета со:

  • Ликовни и креативни работилници каде што ќе ги изразат своите таленти.
  • Спортски игри и натпревари на отворено за промоција на здрави навики.
  • Музички и драмски изведби преку кои ќе ги славиме детските права и детската радост.
  • Соработки со родители и други институции преку кои ќе се воспоставуваат и зајакнува поврзаноста на сите чинители потребни за детскиот развој.

Секој објект подготви уникатни содржини прилагодени на возраста на децата, со цел оваа недела да биде незаборавно искуство исполнето со многу љубов, внимание и нови знаења.

Прославата на детскиот свет и нивните права продолжува со полна пареа и во деновите што следуваат.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.