Детето е како песна што допрва се пишува
Денес во нашата градинка, во објектот Парк предпремиерно се промовираа дел од песните креирани од нашите вработени, а наменети за сите деца од преучилишна возраст со единствена порака:
„Детето е како песна што допрва се пишува, со рими од љубов, игра и соништа!„
Голема благодарност, промоторите на денешниот настан, до тимот од градинката кој е најзаслужен за овој прв албум, до Градоначалникот и останатите претставници од Општина Центар, кои воедно ќе бидат и нашите идни покровители на фестивалот „Детелинки“, кој ќе се реализира напролет, но и до сите гости кои присуствуваа на овој настан.







Поврзани содржини