fao 16 10 2025

Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина

По повод Светскиот ден на здрава храна – 16 Октомври, а воедно и 80-годишнина од основањето на ФАО, во Паркот на Франкофонијата, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) приреди настан со наслов „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“, на кој учествуваа децата од објектот Кукушка. На настанот за најмалите се обрати локален пчелар кој ги запозна со светот на пчелите и нивната важна улога во опрашувањето, шумите и производството на храна. Секако научија и за сите пчелини производи – природниот извор на здравје за сите генерации.

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе