Посета на стоматолог!

Малите „Делфини“, „Верверички“ и „Зајачиња“ во посета на стоматолог!

На 7, 8 и 9 Април, како дел од програмата за запознавање со различните професии, реализиравме едукативна посета на стоматолог. 👩‍⚕️👨‍⚕️

Во оваа активност учествуваа големите групи од матичниот објект: „Делфини“, „Верверички“ и „Зајачиња“. 🐬🐿️🐰

Темата на работилницата беше: „Градба и функција на оралната празнина, правилна исхрана и контрола на внесувањето шеќери“. 🦷✨ Предавањето го реализираа д-р Јета Лимани Ибрахим и асистентката Снежана Трајковска, од Службата за детска и превентивна стоматологија при поликлиниката „Идадија“. 🏥

Преку забавни и поучни примери, дечињата научија:

  • Како правилно да ги мијат запчињата 🪥

  • Која храна е здрава за нивната насмевка 🥦🍓

  • Зошто е важно да се јаде помалку шеќер и бонбони 🚫🍭

Секогаш е забавно кога учиме како да ги чуваме нашите бисерни запчиња! 🌟

No Images.
Please upload images in images manager section. Click on Manage Images button on the right side of the gallery settings.

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе