Малите „Делфини“, „Верверички“ и „Зајачиња“ во посета на стоматолог!
10 Апр, 2026На 7, 8 и 9 Април, како дел од програмата за запознавање со различните професии, реализиравме едукативна посета на стоматолог. 👩⚕️👨⚕️
Во оваа активност учествуваа големите групи од матичниот објект: „Делфини“, „Верверички“ и „Зајачиња“. 🐬🐿️🐰
Темата на работилницата беше: „Градба и функција на оралната празнина, правилна исхрана и контрола на внесувањето шеќери“. 🦷✨ Предавањето го реализираа д-р Јета Лимани Ибрахим и асистентката Снежана Трајковска, од Службата за детска и превентивна стоматологија при поликлиниката „Идадија“. 🏥
Преку забавни и поучни примери, дечињата научија:
-
Како правилно да ги мијат запчињата 🪥
-
Која храна е здрава за нивната насмевка 🥦🍓
-
Зошто е важно да се јаде помалку шеќер и бонбони 🚫🍭
Секогаш е забавно кога учиме како да ги чуваме нашите бисерни запчиња! 🌟
