22 April - Denot na planetata Zemja 1

22 Април – Денот на планетата Земја

Децата од објектот Кукушка го одбележаа 22 Април – Светскиот ден на планетата Земја. Во соработка со родителите, децата во дворот на градинката посадија дрвја, како симбол за зачувување на планетата Земја и спомен на нивното детство. Веселата атмосфера беше збогатена од страна на децата со пеење на пролетни песни. Дружбата со родителите и децата продолжи преку организиран полигон на физички игри каде беа вклучени сите присутни. На овој ден децата пратија порака – да се чува планетата Земја, за да имаме здрава и чиста средина.
Logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе