Честитка со љубов за мама
Децата од групата „Рипчиња“ на возраст од 5-6 години, од објектот Парк, по повод Меѓународниот ден на жената изработија честитка за својата мајка. Тие ја покажаа љубовта и почитта кон својата мајка, ја поттикнаа креативноста и имагинацијата, а преку кажување на убави зборови ја опишаа својата мајка и го збогатија говорното изразување. Освен тоа, преку песна исполнета со многу нежност и љубов им го честитаат празникот на сите мајки!
Подготвил воспитувач – Емилија Стојкова












Поврзани содржини