Го славиме 11 Јуни Меѓународниот ден на играта 12 06 2026

Го славиме 11 Јуни – Меѓународниот ден на играта

Во нашата градинка го прославуваме Меѓународниот ден на играта преку разновидни игри и активности, бидејки играта е срцето на раниот детски развој! Играњето за детето не е само забава – туку начин на кој децата растат, истражуваат и ги градат темелите за нивната иднина.

Во нашата градинка, преку игра, децата развиваат:
🧠 Силни мозочни врски
💛 Емоционална отпорност
🌍 Љубопитност и желба за учење
А кога родителите се вклучени, дома или во градинка, тогаш играта добива нова, посилна димензија, бидејки играта и учењето потребно е да продолжи и дома, создавајќи силни врски, важни моменти и квалитетно поминато време кое емоционално многу му значат на секое дете.
Драги родители, Ви благодариме и Ви посакуваме, денес, но и секој ден, секој слободен миг да играте заедно, за да израснеме среќни, самоуверени и љубопитни деца! 💙

#EarlyMomentsMatter #InternationalDayofPlay
@unicef.mk (Facebook) @unicefmk (Instagram)

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк:
👉 Кликни тука