Кокиче 02 02 2026

Кокиче — предвесник на пролеттa

Децата од групата ,,Пчелки” на возраст од 2-3 години, од Матичиот објект, преку набљудување, разговор и сетилно истражување, се запознаа со предвесникот на пролетта-кокиче, како и со неговите основни делови (стебло, лист, цвет).
Преку директен контакт и мотивирачки прашања децата ги препознаваа деловите на кокичето, развивајќи љубопитност и интерес за истото.
Оваа активност на децата им овозможи набљудувањето да го користат како средство за стекнување нови сознанија, а воедно и да се поттикнува и користи сетилната перцепција.
Подготвил: воспитувач: Пандора Филипова Голубова

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе