Мали еко херои 30 06 2026

Мали еко херои

Во период од 24-29.06.2026 год во Oбјект Парк во групата Буба Мари од 4-5 години беа реализирани едукативни и креативни работилници со децата во рамки на проектот „ЗЗЗ Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина“ и иницијативата „Мали еко херои“. 🐞✨ Целта на работилниците беше кај децата да се поттикне развојот на еколошката свест, одговорноста кон животната средина, чувството на припадност кон развивање на позитивни животни навики од најрана возраст. 🌱💚

Преку интерактивни активности, разговори, игри и креативно изразување децата се запознаа со значењето на заштитата на природата, грижата за растенијата, рециклирањето и рационалното користење на природните ресурси. 🌾🔄💧

Во рамки на работилниците беа реализирани активности за садење растенија, изработка на сликовница од природни материјали, креативни изработки од рециклиран материјал како и едукативни содржини преку кои се поттикнуваше тимската работа, солидарноста, социјализацијата и одговорноста на децата во грижата за животната средина. 🪴🎨📖

Реализираните работилници придонесоа за развивање на еколошката култура, социјална одговорност, позитивни искуства и ставови кај децата, во согласност со принципите на зелената социјална работа и воспитно-образовните цели на установата. 🏫🤝

Активностите се реализираа во соработка со родителите, раководителот, воспитувачот и негувателката кои покажаа голем интерес, креативност и мотивирност. 👏❤️

„МАЛИТЕ ЕКО ХЕРОИ ДЕНЕС СЕ ПРИМЕР ДЕКА ГОЛЕМИТЕ ПРОМЕНИ ЗАПОЧНУВААТ СО МАЛИ ЧЕКОРИ“ 👣🌟 Благодарност до сите деца, родители и соработници кои беа дел од оваа прекрасна иницијатива. 🙏💐 Заедно продолжуваме да ја градиме еколошката свест и да ја негуваме љубовта кон природата. 🌲❤️

Реализатори: 👩‍🏫👨‍🏫
Марија Стојчевска, Советник социјален работник
Анета Симоновска, Раководител
Адријана Станков, Воспитувач
Билјана Маринковска, Негувателка

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе