Мокро на мокро
Децата од групата Бонбончиња од Матичниот објект, на возраст од 4 – 5 години преку реализација на оваа интересна активност се воведоа во запознавање на ликовниот јазик, како и во светот на ликовното творештво. Преку оваа ликовно-истражувачка активност кај децата се развиваа истражувачки потреби и љубопитност во манипулирањето со различни материјали и техники, а воедно ја поттикнаa и детската креативност, како и нејзиното развивање и искажување.
Подготвил воспитувач: Александра Дедес Трајковски







Поврзани содржини