Научна авантура за мали истражувачи
17 Апр, 2026Децата од групата „Зајачиња” возраст од 5-6 години, од Матичниот објект на 14.04 имаа едукативна посета од Јасмина Дичевиќ, наставничка по биологија и природни науки во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” (родител на дете од групата). Истата одржа активност и работилница по природни науки на тема „Научна авантура за мали истражувачи“, како дел од темата за запознавање со професии.
Работилницата опфати три внимателно одбрани подтеми адаптирани за предучилишна возраст: „Жива и нежива природа”, „Човечките сетила” и „Од семе до растение”, со цел поттикнување на интересот и љубовта кон природата, како и активирање на љубопитноста кај детето кон светот кој го опкружува.
Воспитувач: Симона Јаначкоска
