Од овошна градина до пазар
Децата од групата Пеперутки на возраст од 4-6 години од објект Кукушка преку дидактичка игра „Од овошна градина до пазар“ се запознаа со карактеристиките на раното летно овошје – цреши и јагоди. 🌳☀️ Тие ги препознаваа и именуваа овошјата, ги разликуваа по боја, форма, големина и вкус. 😋🔴 Развиваа говор и комуникација, ја поттикнуваа соработката и социјалната интеракција и истовремено ја развиваа фината моторика и математичките поими – броење, купување и количина. 💬🤝🧮🛒
Подготвил воспитувач – Весна Спасова 👩🏫✨







Поврзани содржини