Патот на снегулката 04 02 2026

Патот на снегулката

Децата од групата „Делфини“ на возраст од 5-6 години, од Матичниот објект најпрво слушаа читање на текстот „Патот на снегулката“. Потоа се обработи содржината на текстот по серија слики. Снегулката како инспирација од текстот сликовито ја пренесоа на лист хартија, притоа користејќи лепило и сол.
Преку ова се развиваше јазичната способност како основа за развој на сопствениот идентитет и се развиваше способноста за слушање, разбирање и доживување на содржината на литературната творба.
Подготвил воспитувач: Драгана Аневски