Пролетно цвеќе 17 03 2026

Пролетно цвеќе

Децата од групата: Мечиња, на возраст од 3-4 год. од Матичниот објект преку ликовна игра – моделираа со плескање пролетно цвеќе.
Децата преку набљудување (на природни цвеќиња), воочување на изгледот и тактилно истражување ги продлабочуваа своите знаења за пролетните цвеќиња. Преку оваа активност децата ги развиваат моторниите манипулативни вештини (контрола на дланките и прстите), а исто така ја користеа и својата креативност во процесот на моделирање со плескање.
Со оваа активност детето се запознава со работа со пластелин и неговите карактеристики преку визуелни, тактални и други сетила.
Подготвил воспитувач: Валентина Буш-Бошњакоска

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе