Прошетка низ шумата
Децата од групата Делфини од Матичниот објект на градинката, на возраст од 5– 6 години преку обработка на текстот „Прошетка низ шумата” се оспособуваа за правилна артикулација на гласот „Ш“, а притоа се развиваше правилното функционирање на говорниот апарат, оспособување и навикнување на детето на правилно дишење потребно за добар изговор, како и усовршување на способноста за јасно изговарање на гласовите.
Подготвил воспитувач: Драгана Аневски







Поврзани содржини