Scavenger hunt (Лов на богатство) 29 04 2026

Scavenger hunt (Лов на богатство)

Oваа година, на 27 Април, по повод денот на кралот на Кралството Холандија децата од групата Рипчиња од објект Парк учествуваа во Градскиот парк во Скопје на активностите организирани од GoGreen и Холандската амбасада. Децата ја изиграа играта: Scavenger hunt (Лов на богатство) во лавиринтот од жива ограда во Паркот, каде бараа скриени картички со слики и пораки поврзани со холандската култура и историја. Потоа ги цртаа со креди на плочник мотивите од пронајдените сликички.

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе