Сообраќајот во мојот град
Децата од групата „Пеперутки“ 🦋 на возраст од 2–3 години, од Матичниот објект 🏫, преку разговор и нагледни средства беа воведени во темата „Сообраќај“.
Преку игра 🎲 се запознаа со основните правила во сообраќајот 🚸 (возеа автомобили 🚗, пропуштаа пешаци 🚶♂️, застануваа на семафор 🚦, на пешачки премин и сл.).
Целта на оваа активност беше да се создадат основни претстави од областа на сообраќајната култура, да се развиваат перцептивните способности на децата 🧠, да се поттикнуваат да учествуваат во разрешување на животни проблемски ситуации 🤔, како и користењето и комбинирањето на расположливите ресурси во истражувањето на околината 🌍.
Подготвил: Ивана Божиновска ✍️







Поврзани содржини