pretstava 09 05 2025

Театарска претстава „Волшебна пролетна слика“

Со театарската претстава „Волшебна пролетна слика“, реализирана од страна на децата од објектотЈасмин на 08.04.2025 година се завршија презентациите на достигнатите резултати од проектот посветен на детето и театарот.
Со помош на театарски активности, децата го запознаваат светот околу нив во целата своја разновидност преку слики, бои, звуци, а поставените прашања ги тераат децата да размислуваат, анализираат, извлекуваат заклучоци и генерализации. Во процесот на слушање и игри на улоги, се зголемува вокабуларот на детето, се подобрува звучната перцепција на говор и неговата интонациона структура, се манифестира креативноста на детето, се акумулира искуство. Театарската активност придонесува за хармоничен развој на предучилишното дете. Неговиот престој во градинка станува волшебен, интересен, позначаен, исполнет со живописни впечатоци, радост и креативност.
Уживајте во приказната која раскажува за боите во природата како инспирација за детската визуелна експресија!

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе