kurs italijanski 12 06 2025

Успешно завршен курс по италијански јазик

Нашата градинка трета година по ред е партнер на проект: „Нови контексти за италијанскиот јазик во РС Македонија“. Курсот како дел од овој проект се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје, а самиот проект е подржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим.
Како завршница за децата, идните првачиња кои го посетуваа курсот, од страна на Институтот Данте Алигиери – Скопје им беа доделени сертификати и подароци. Истите им ги врачи претставничка од Италијанската Aмбасада во Скопје која воедноим посака, доколку имаат интерес за овој јазик, истиот да продолжат да го изучуваат и во следниот образовен циклус.
Изразуваме во оваа прилика голема благодарност до Институтот и Здружението, како и на сите активни чинители кои овозможија да бидеме дел од овој проект.

Линк од објавата на Италијанската амбасада во Скопје:

Линк од објавата на Институтот Данте Алигиери – Скопје:

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе