Весела топка 25 02 2026

Весела топка

Децата од групата Цветчиња на возраст од 3-4 години, од објект Јасмин, преку подвижната игра „Погоди ја целта”, изведоа вежби за тркалање со топка. На почеток со вежбите за загревање на целокупната мускулатура децата се подготвуваат за изведување на вежбите. Потоа децата се делат во две групи и секое дете треба да ја погоди целта со топка. На крај изведуваме вежби за опуштање на мускулите и правилно дишење.
Преку оваа активност кај децата се овозможува развивање на целокупната мускулатура, развивање на горните екстремитети и правилна координација на рацете.
Подготвил: Мартина Драгшиќ

logo 13 noemvri 80
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе