📢 Известување за електронски упис/испис на деца
 
Почитувани родители, како една од превентивните мерки за заштита на здравјето и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за:
  • 💻 електронско барање за упис (аплицирање) за нови деца во нашата установа;
  • 📝 отпишување на деца кои во моментот се запишани;
  • 📄 Издавање на потврди и други документи поврзани со престојот на децата.
 
Откако нашата институција ќе го добие барањето, по проверката на податоците ќе го контактира барателот телефонски.

Дополнителни документи 📑
1. Потврда од матичен лекар симната од веб-страницата, а пополнета од матичниот лекар на детето.
2. Фотокопија од здравствена книшка на детето (првата страна и вакциналниот статус на детето) 💉
3. Досие на дете – да се испечати и да се донесе со сите останати документи.
4. Пријава за упис 🖊️

Уплатите се вршат на образец ПП50 💵

Документација потребно е да ја доставите уредно пополнета и комплетирана во договорен термин во Матичниот објект кај социјалниот работник.
Приемни денови кај социјалниот работник: вторник и четврток од 9-12 часот 🕘

За подетални информации јавете се на телефон 072 253 190 📞


logo bez 55
Политиката на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе