🏫 Градинката е безбедна средина која обезбедува правилен раст, развој, воспитание и образование на деца од 8 месеци до поаѓање на училиште.
🍎 Таа е установа која нуди здрава исхрана, квалитетна воспитно – образовна работа, и на секое дете му нуди можност да се развива во согласност со своите можности, потреби и интереси.
👶 Градинката располага со стручен кадар кој го помага и води развојот на децата согласно Програмата и Стандардите за рано учење и развој на деца до 6 годишна возраст.
📚 Раното учење и развој кај децата до 6 годишна возраст претставува основа за понатамошен успех во рамките на развојот на детето.
🌍 Вклучување на сите деца во просецот на рано учење и развој без разлика на полот, етничката и религиозната припадност, социо-економските и културолошките разлики и различните здравствени и посебни потреби.
- 🎨 Организирање на секојдневни активности базирани на Стандардите за рано учење и развој и играта како доминантен инструмент за учење
- 🌟 Амбиент и средина која ке ја потикне љубопитноста, креативноста и иницијативата кај децата и ке овозможи создавање на компетенции и вештини кај децата кои подоцна ке им бидат основа во академскиот живот
- 💖 Почитување на детските индивидуални потреби, можности и интереси
- 🧩 Холистички пристап во развој на детето и опфаќање на сите аспекти на развој без фаворизирање на поедин аспект
- 🤝 Заедничко делување на заедницата и семејството во потикнување на раното учење и развој кај децата до 6 годишна возраст
- 🏅 Независност и одговорност кон себе и околината, прифаќање, почитување, солидарност и толерантно однесување при достигнување на Стандардите за рано учење и развој
- 🌈 Почитување на различностите
- 💞 Чувство на припадност
- 🤗 Меѓусебно разбирање и соработка

