8-ми Март – празник на жената
6 Мар, 2026Децата од објектот Кукушка, традиционално, земаа активно учество во одбележување на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март во галеријата на Детскиот културен центар Карпош. Најнапред ја разгледаа изложбата на детски творби и честитки на тема „Играм и пеам за мојата Мајка“, а потоа имаа можност, одблизу да запознаат една од ретките жени оџачарки во Македонија, на која и поставуваа бројни прашања поврзани со оваа необична професија оџачар. На крајот, за да им донесе оџачарска среќа, сите силно ја гушнаа и со рецитал го честитаа 8-ми Март на сите жени од целиот свет.
