Црвено лале
12 Мар, 2026Децата од групата Ѕвездички на возраст од 3-4 години, од Матичниот објект преку разговор, набљудување и тактилно истражување ги продлабочуваа своите знаења за пролетните цвеќиња, ги именуваа и опишуваа. Потоа, низ игра се реализира активност боење на лале во дадена контура со восочни бои.
Преку оваа активност децата имаа можност да се оспособат да го употребуваат ликовниот материјал на правилен начин, да се развива фокусираното внимание при боење во контура, како и развој на фината моторика на раката и координација око-рака.
Подготвил воспитувач: Александра Стојановска
