Дрвото во пролет
30 Мар, 2026Децата од група Бубамари на возраст од 3-4 години од објект Јасмин, се запознаа со изгледот и карактеристиките на „Дрвото во пролет“ преку слики, разговор и директно набљудување во дворот од градинката. Децата воочуваат и посочуваат какви промени забележуваат во изгледот на дрвото, воедно ги збогатуваат своите искуства и знаења за карактеристиките на годишното време пролет. Преку реализираната активност кај децата се развива интелектуалниот развој и визуелната перцепција и се потикнува детската љубопитност.
Подготвил – воспитувач: Анета Штербинска
