Лет, лет пеперутке
23 Апр, 2026Децата од групата Ѕвездички на возраст од 3-4 години, од Матичниот објект, преку разговор и користење на апликации, се потсетија на изгледот на пеперутката, која подоцна самостојно ја декорираа.
Преку реализираната активност, се развиваше детската креативност со користење на ликовни и неликовни материјали, се поттикнуваше развивање на координираност помеѓу окото и раката, способноста за користење на движењата на прстите и дланката за конкретна цел, и тактилната перцепција.
Исто така, се поттикнуваше љубопитноста, фокусираното внимание, визуелно и тактилно откривање на својствата на материјалите, и создавање на навики за хигиена и организација на работата (користење подлоги, миење на рацете итн.).
Подготвил воспитувач: Александра Стојановска
