Од зрно до погача
16 Апр, 2026Децата од групата „Рипчиња“ 🐟 на возраст од 5-6 години, од објектот „Парк“ 🌳 активно и со интерес се вклучија во денешната активност 😊
Претходно посадија пченица 🌱 и секојдневно ја набљудуваа како расте и се развива 🌿. Имаа можност да следат и видео запис 🎥 како настанува брашното и процесот на правење леб 🍞.
Целта на оваа активност беше децата да се запознаат со основниот процес на правење леб 👩🍳👨🍳, а притоа да ја зголемат креативноста 🎨 и интересот за практични активности 🤲
Подготвил воспитувач – Емилија Стојкова ✍️
