Пролетно цвеќе
17 Мар, 2026Децата од групата: Мечиња, на возраст од 3-4 год. од Матичниот објект преку ликовна игра – моделираа со плескање пролетно цвеќе.
Децата преку набљудување (на природни цвеќиња), воочување на изгледот и тактилно истражување ги продлабочуваа своите знаења за пролетните цвеќиња. Преку оваа активност децата ги развиваат моторниите манипулативни вештини (контрола на дланките и прстите), а исто така ја користеа и својата креативност во процесот на моделирање со плескање.
Со оваа активност детето се запознава со работа со пластелин и неговите карактеристики преку визуелни, тактални и други сетила.
Подготвил воспитувач: Валентина Буш-Бошњакоска
