Пролетно цвеќе – зумбул
27 Мар, 2026Децата од групата Авиончиња, на возраст од 2-3 год. од објект Јасмин преку ликовна игра – моделираа со плескање пластелин на пролетно цвеќе зумбул.
Децата преку тактилно набљудување на пролетното цвеќе зумбул, ги воочија карактеристиките на изгледот и мирисот на цвеќето, а со тоа ги продлабочија своите знаења за ова цвеќе. Преку вежби за дланките децата се подготвија за оваа активност преку која ја развиваа фината моторика (контрола на дланките и прстите).
На крајот повторно ја драматизираа слушаната приказна за „Малото црвено лале”.
Подготвил воспитувач: мр. Сања Алексоска
