Роденденски подарок – вистинска еко-авантура!
13 Ное, 2025Денес во нашата градинка се случи вистинска еко-авантура!
Децата со насмевки, песна и игра ја проследија едукативната претстава “Еко авантура”, во изведба на Продукција Триангл Пулс, како дел од големиот караван на Кожувчанка – Изворска, но и како подарок на сите наши дечиња по повод роденденот на Градинката!
Преку забавен и интерактивен начин, најмладите научија колку е важно да ја чуваме природата, да рециклираме и секојдневно да пиеме вода.
Благодарност до Кожувчанка и Продукција Триангл што ја донесоа оваа едукативна приказна во нашите објекти!
#ЕкоАвантура #Кожувчанка
#Изворска #ПродукцијаТрианглПулс #ГрижаЗаПриродата
