Тајната пролетна градина – будење на првите пролетни цвеќиња
10 Мар, 2026Децата од групата Пчелички на возраст од 2-4 години, од објект Кукушка ја разбудија пролетта преку магична сетилна авантура.
Активноста започна со тајната кутија„ во која имаше луковици од лале, зумбул и нарцис. Децата внимателно ги допираа, ги мирисаа и ги истражуваа со љубопитност и воодушевување. Преку игра и разговор ги запознаа првите пролетни цвеќиња, се запознаа дека под земја се крие живот кој само чека сонце и вода. Потоа следуваше драматизација – едни другарчиња беа сонце, други дожд, а останатите, заспани цветчиња. Со топлина, капки вода и многу насмевки, цветчињата полека „пораснаа„. Активноста заврши со садење на луковиците и магично откривање на веќе расцветано цветче – доказ дека со грижа и љубов природата ни возвраќа со убавина и ликовна игра каде што секое дете засади по едно цветче со своето прсте.
Сознанијата од оваа активност децата ги стекнаа преку допир, движење, истражување и игра – токму онака како што е најприродно за нивната возраст.
Подготвил воспитувач: Бојана Алексоска
